Кој е најважниот фактор за долговечноста на една врска или брак?

Љубовта е прекрасна, а врската исполнета со љубов, особено на почетокот, ни носи насмевки, среќа, долги прошетки, лежење на каучот, страствени бакнежи и убави моменти во животот. Но, постои фактор кој гарантира долга и стабилна врска, а која понекогаш (многу често) е и поважна од љубовта. Се работи за доверба.

Во моментот кога почетната заљубеност ќе биде заменета со сомнежи и стравови, работите во врската можат да станат грди. За да не се случи тоа, важно е да се изгради врска полна со доверба. Фактот е дека сите влегуваме во врска со одреден товар од минатото, кои сакале или не, станува дел од нашата нова врска. Без оглед на тоа дали се работи за траума од детство или неверство од претходната врска, нашето минато на овој или оној начин влијае на нашите врски. И токму затоа, довербата е јадрото на секоја врска. Довербата е клучна за успех и задоволство во врската, но истовремено е и многу кревка. Кога еднаш ќе се изгуби, тешко е да се врати назад. 

Што значи доверба во една врска?

Довербата во врска значи да верувате дека партнерите ви се посветени и дека го сакаат само најдоброто за вас. Со нив се чувствувате сигурни и на емоционален и на физички план, исто како и тие со вас.  Доверба значи дека во врската очекувате почит, верност и искреност. Очекувате дека вашите партнерите ќе си ги одржуваат ветувањата, дека ќе ги чуваат вашите тајни и дека ќе ве поддржуваат и кога работите нема да бидат најдобри. 

Од друга страна, доверба значи и да ги разбирате вашите партнери и да бидете подготвени да им простите ако направат некоја (помала) грешка. Во здрава врска и двете страни се полни со доверба, во спротивно истата не може да функционира. Кога партнерите меѓусебно си веруваат, тие ќе бидат искрени и во врската ќе бидат баш онакви какви што се. Секако, врската полна со доверба не се случува преку ноќ, туку се развива со текот на времето.

Довербата и љубовта

Иако можеби сѐ уште мислите дека љубовта е најважниот дел од врската, не ја занемарувајте важноста на довербата. Обидете се да замислите врска или брак во кои не постои доверба. Без доверба, во една врска се губи мирот, а сомнежите стануваат сѐ поголеми. Постојаното проверување и распрашување ќе доведуваат до сѐ повеќе кавги, а кавгите ќе водат до неизбежно раскинување и покрај љубовта која постоела.

Љубовта без доверба едноставно не е добра, затоа што така врската лесно може да се претвори во ноќна мора и да стане нездрава, нефункционална, хаотична и отровна. Довербата е клучна за унапредување на врската, а недостатокот на доверба е еден од честите причини поради кои луѓето се разделуваат.