Каков тип на генијалец сте?

Со оглед на тоа дека многу голем дел од нашиот живот го минуваме учејќи или работејќи, нашиот работен простор може да открие многу за нашата личност, но и за начинот на којшто функционира нашиот мозок.

Без оглед на тоа дали вашиот работен простор е хаотичен, организиран, широк или пак сместен во ќошот на просторијата, тој покажува каков тип на генијалец сте.

Натрупан простор

Натрупаниот простор исполнет со книги, белешки и пенкала покажува креативен генијалец. Тоа е така бидејќи кога една личност ќе ја најде својата инспирација и креативност, таа влегува во поинаков свет каде се губи и заборава на тоа да ги организира нештата. Се вели дека масата на Алберт Ајнштајн била толку хаотична и натрупана, така што немало простор ни за прашина.

Малку работи на масата

Ваквиот простор е карактеристикана на фокусиран, функционален генијалец. Ваквиот простор ги содржи само основните потребни работи. Пример за ваква минималистичка работна маса е онаа на Марија Кири. Ваквата работна маса зборува за личност која е организирана, фокусирана но и која сака да ги има сите нешта под контрола.

Простор исполнет со игри и додатоци

Дали имате додатоци и различни игри на вашата маса. Се смета дека работниот простор на Марк Твен е одличен пример за тоа. Откако завршувал неколку страници пишување потоа тој играл пинг понг и се занимавал со различните додатоци на својата работна маса, обидувајќи се да ја најде инспирацијата повторно. Ваквиот начин на организирање на просторот покажува дека сте релаксирана личност.

Сѐ на свое место

Да се биде организиран е многу слично на масата на која има малку работи. Во вакиот работен простор, секој предмет е на свое место и мора да биде вратен на свое место по неговото користење. Се смета дека работниот простор на Томас Едисон бил целосно организиран и прецизен а тој исто така може да се види и во Националниот парк Томас Едисон во Њу Џерси.

Многу технологија

Дали е вашиот простор исполнет со многу технологија? Ако е така, тогаш вие сте како Никола Тесла.Иако Тесла функционирал во друго време, сепак тој ги имал сите последни технолопки напредоци додека работел. Луѓето кои имаат многу технологија во својот работен простор не само што веруваат дека таа им го олеснува животот, туку и сметаат дка не можат да функционираат без неа.