Кафе со цимет – вкусен и здрав напиток

 

Кафето е напиток без кој повеќето луѓе не можат да си го замислат денот, а доколку сакате да му го подобрите вкусот и да го претворите во здрав напиток, задолжително испијте го со додавање на лажичка цимет. Еве зошто!

Го забрзува губењето на тежината

Ако се обидувате да изгубите тежина, особено ако вашиот прв приоритет е согорувањето на маснотиите во стомакот, додадете една лажичка цимет во шолја свежо сварено кафе. Освен што го намалува апетитот и помага за регулирање на шеќерот во крвта, вака подготвеното кафе го забрзува метаболизмот.

Помага при настинки и грип

Ако грипот особено ве ослабува и чувствувате болки во мускулите и општа слабост, овој напиток ќе ви биде од помош.

Ги зајакнува мозочните функции

Научното истражување на Универзитетот Вилинг во Западна Вирџинија покажа дека дури и само мирисот на цимет позитивно влијае на мозокот, а во комбинација со кофеинот, овој зачин речиси прави чуда! Ќе имате поголема концентрација, повеќе ќе внимавате на деталите и сигурно побрзо ќе се разбудите.

Го регулира шеќерот

Како што веќе спомнавме, циметот помага во намалување на гликозата во крвта, па ако ви се допаѓа слаткиот вкус на кафето, имајте на ум дека циметот е неспоредливо подобар избор од шеќерот. Не само што ќе внесете помалку калории, туку делува и превентивно на воспаленија во ткивата и зглобовите, што е докажано со студија на научници од Универзитетот во Џорџија, влијае на ефикасноста на инсулинот во организмот, го успорува шеќерот во крвта по оброкот, итн.

Одлично е и за срцето

Според експертите од државниот Универзитет во Пенсилванија, циметот го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести бидејќи помага во намалување на триглицеридите кои доведуваат до затнување на артериите за дури 30 проценти.

Внесувате повеќе антиоксиданси

Циметот е богат со овие суперкорисни молекули – само една лажичка од овој зачин содржи онолку антиоксиданси колку што може да се најдат во 75 грама боровинки, кои припаѓаат на намирниците познати по своето антиоксидантно дејство.