Кафе – најслатката навика која е одлична за нашето здравје

Некои луѓе едноставно го обожаваат вкусот и мирисот на кафето.

Многу истражувања покажуваат дека тоа е одлично за нашето здравје, но секако доколку го пиеме во умерени количини. Тоа значи дека не само што е вкусно и со убав мирис, туку и добар чувар на некои аспекти од нашето здравје.

Зголемена енергија

Клучната состојка кофеин е одговорна за зголемување на нивоата на енергија во текот на денот. Тоа е поради тоа што кафето ги зголемува нивоата на невротрансмитерите во нашиот мозок кој ги регулираат нивоата на енергија, вклучувајќи го и допаминот. Некои истражувања покажуваат дека тоа е одлично да се зема пред вежбањето или спортски натпревар, но затоа треба да се намали неговото консумирање во текот на вечерните часови. 

Намален ризик од дијабетес

Неколку кафиња во текот на денот можат да го намалат ризикот од појава на дијабетес тип 2. Причината за тоа лежи во хемикалиите во зрната кафе, а кои играат голема улога во однос на нашиот метаболизам. Една од нив е клорогенската киселина, која придонесува кон тоа да се намали нивото на гликоза во крвта. Едно истражување покажало дека само една шолја во текот на денот придонесува за намален ризик од овој вид дијабетес за 6%. 

Помал ризик од депресија

Некои истражувања покажуваат дека редовното пиење кафе е поврзано со намален ризик од депресија. Според едно од нив, само една шолја дневно е поврзана со околу 10% помал ризик од депресија и други ментални заболувања. 

Подобрување на помнењето

Истражувачите на Универзитот Јужна Флорида откриле дека кофеинот во кафе придонесува за успорено изумирање на нервните клетки и намалување на ризикот од појавата, но и напредувањето на Паркинсова и Алцхајмерова болест. 

Намалување на ризикот од рак на кожата

Кафето кое содржи кофеин го намалува ризикот од карцином особено на кожата. Ова истражување покажало дека бескофеинското кафе го нема таквото влијание.