Искасани четири лица од кучиња скитници во Скопје

На 21.05.2024 во 12.00 часот В.П.(46) од Радишани, Скопје, пријавила во Полициската станица Чаир, дека на ул.„48“ во Радишани била касната од куче скитник, како и К.Т.(62) од Скопје во 18.40 часот во СВР Скопје, пријавил дека на паркингот на Универзитет Св.„Кирил и Методиј“ бил каснат од куче скитник. 

Исто така, подоцна на истиот ден во 20.20 часот К.К.(75) од Скопје пријавил во Полициската станица Ѓорче Петров, дека на ул.„Новопроектирана“ во Скопје бил каснат од куче скитник, како и Б.С.(35) околу 19.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.