Дербито меѓу Металург и Вардар заличе на старите добри времиња, ама за жал по тензијата на трибините. По 15-тина минути игра во „Автокоманда“ се случи мал инцидент на трибините кој резултираше со реакција на полицијата, дури и со еден приведен.
Некој некого провоцираше, па домаќините тргнаа во пресметка со малубројните гости. Како што ја напуштаа својата трибина реагираа полицијата и редарите и спречија да се случи поголем инцидент од само една мешаница.