Андреас Трајковски, првиот натпреварувач во категорија скок кој ќе ја претставува Македонија

Андреас Трајковски, Данец со македонско потекло, ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во Рим.

Трајковски ќе стане првиот натпреварувач кој ќе ја претставува Македонија во категоријата скок во далечина. Тој учествуваше и се квалификуваше благодарение на својот висок ранг меѓу најдобрите европски скокачи.

Претходно, Дарио Ивановски обезбеди учество во полумаратонската трка на Европското првенство, што значи дека Македонија за првпат ќе има двајца натпреварувачи на ЕП.