Инцидент на прославата на јубилејната 10 титула за Вардар

Фудбалерите на Вардар, до раните утрински часови ја прославуваа освоената 10 титула, но не можело баш се да помине во најдобар ред. Имено Црногорецот кој настапува за нашиот шампион не успеа да ја стави под контрола еуфоријата од прославувањето на 10тиот пехар.

Инцидентот се случил во скопскиот ноќен бар „Океаник“ каде Којашевиќ бил во друштво на своите колеги од тимот. На нив налетал навивач кој најпрво предизвикал вербална расправија, за потоа Којашевиќ да го нападне и со тупаници да му нанесе повреди на лицето. Навивачот останал со искршени заби, а фудбалерот ќе треба пред челниците на клубот да се оправда за инцидентот.

Со него во моментот биле само мал дел од играчите на Вардар, бидејќи официјалната забава била во друг, елитен ресторан во Скопје. Откако реагирало обезбедувањето и полицијата разбрала за инцидентот, тој се понудил да ја плати штетата но веќе било доцна. За потсетување е дека минатата сезона Вардар, исто така имаше проблематичен фудбалер, бразилецот Цезар Ромеро, кој беше познат по непочитување на клубските правила и бурниот ноќен живот, поради што управата на најтрофејниот македонски клуб му ја покажа излезната врата.