Навивачите влегоа на терен - инцидент на мечот Шкендија - Вардар (видео)

Прекинат е реваншот од полуфиналето на Купот на Македонија меѓу фудбалските екипи на Шкендија и Вардар откако домашните навивачи “Балисти” влегоа во теренот.

Се играше 33. минута кога дојде до прекин на мечот меѓу Шкендија и Вардар. Имаше од се по нешто, кошкање меѓу капитените Ферхан Хасани и Бобан Грнчаров, црвени картони, фрлање со предмети врз гостинските играње, влегување на терен на домашни навивачи.

Шкендија се пласира во финалето на Македонија бр.25 и има шанси да ја одбрани титулоата во ова натпреварување. Попладнево во бурен реванш полуфинален дуел Вардар ја победи Шкендија со 1:0 со голот на Велковски во 60. минута но севкупно тетовци имаат 3:2.