Арсовска конечно може да здивне, скопјани дишат чист воздух

Конечно после неколку денови скопјани дишат чист воздух. Според подобниот сајт на градоначалничката Арсовска за мерење на квалитет на воздухот, граѓаните на Скопје конечно се сведоци на чист воздух во главниот град со исклучок на неколку населени места.

Главната причина не се мерките што ги превземаа градските власти туку тоа што врне. Скопје посебно во зимските периоди постојано се “гуши“ од презагаден воздух така да секој дожд или ветер е добредојден за скопјани.