Утре без вода ќе останат овие делови од Скопје

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (недела) поради три улични дефекти од Ф-80 мм на улиците Девол крак 2, Девол крак 11 и улица 1010 бб со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици: Девол, Девол крак 2, Девол крак 11, ул.1010 и дел од улицата Жданец.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности. 

Исто така, задутре, поради дефект на огрлица Ф 80мм.на улица Љубица Георгиева бр.3 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Љубица Георгиева.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.