Харуки Мураками: Нашите сеќавања се горивото кое го трошиме за да останеме живи

Харуки Мураками е најпопуларниот современ писател од Јапонија. Читателите често се пронаоѓаат во неговите дела, но и цитати. Мураками нуди увид во животот, љубовта, знаењето и губењето. Тој не пишува за најсреќните луѓе, но често неговите книги ни носат мудрости од кои можеме да научиме многу.

Што и да барате, тоа нема да дојде во обликот кој сте го очекувале.

Животот не е како вода. Работите во животот не мораат да течат по најкраткиот можен пат.

Дури и кога би можеле да се вратиме наназад, веројатно никогаш не би завршиле таму каде што сме почнале.

Кој може да каже што е најдобро? Затоа, треба да ја зграбите секоја шанса за среќа, каде и да ја најдете и да не се грижите за другите луѓе. Моето искуство ми говори дека не добиваме повеќе од 2-3 такви шанси во животот и ако ги пропуштиме, ќе се каеме до крајот на животот.

Тоа што ние го нарекуваме сегашност е обликувано со акумулација на минатото.

Ако ги читате само оние книги кои другите ги читаат, ќе мислите онака како што другите мислат.

Секој кој ќе се заљуби трага по изгубениот дел од себе. Затоа и секој кој е заљубен се натажува кога размислува за личноста која ја сака.

Човековото срце е како ноќна птица. Тивко чека нешто, а кога доаѓа времето, лета право кон тоа.

Нема грешка во тоа. Мразот е студен, розите се црвени, заљубен сум. А, оваа љубов ќе ме однесе негде. Текот е премногу силен, немам избор. Тоа би можело да биде посебно место, кое не сум го видел досега.

Нашите сеќавања се горивото кое го трошиме за да останеме живи.

Секој од нас губи нешто што му е драгоцено. Изгубени прилики, можности, чувства кои не можеме да ги вратиме. Тоа е дел од она што значи да се биде жив.