Мартин Лутер Кинг бил борец за граѓанските права во САД и еден од најпознатите историски личности на 20 век. Ги предводел ненасилните протести во САД и се борел против расизмот.
Тој се смета и за еден од најдобрите говорници, неговите говори и цитати и ден денес имаат иста тежина и сила. Неговите мудри идеи го промениле животот на многу луѓе. Еве што велел тој...
За љубовта:
„Темнината не може да ја избрка темнината, само светлината може да го стори тоа. Омразата не може да ја избрка омразата, тоа само љубовта може да го направи.“
„Љубовта е единствената сила која непријателот може да го претвори во пријател.“
„Се одлучив да се држам до љубовта. Омразата е преголем товар за да се носи на рамената.“
За вербата:
„Верба е кога ќе го направиш првиот чекор, иако не ги гледаш сите скали“
„Ние мораме да го прифатиме разочарувањето, но не смееме никогаш да ја напуштиме бескрајната надеж.“
За животот:
„Постојано и најважно животно прашање е: „Што правиш за другите?“
„Човек кој не е подготвен да умре за нешто, не е подготвен ниту да живее.“
„Нашите животи почнуваат да завршуваат на денот кога почнуваме да молчиме за важните работи.“
„Секогаш е вистинско време да се направи вистинската работа.“