Не ги брзајте работите, сè ќе се случи кога треба да се случи

 

Морган Фримен еднаш рекол: „Ако имав толку голем успех претходно, веројатно многу брзо ќе изгорев во тој успех.“

Сè во животот навистина има свое време. Веројатно целиот проблем е во тоа што не можеме да прифатиме и да бидеме доволно трпеливи, па времето во нашиот ум не се прилагодува на времето во реалноста.

Кога човек повеќе би водел сметка за процесите кои бараат свое време, веројатно нема толку лесно да се откажува од своите соништа, затоа што ќе знае дека препреките имаат една подлабока причина. 

Колку од нас посакувале да ги завршат студиите во најкус рок, да имаат добро воспитани деца, успех на работа, квалитетни односи со другите, но реалноста која е полна со конфликти, порази и промашувања, често нè остава без здив!

Обидувајќи се да дадеме повеќе од себеси за да успееме побрзо сфаќаме дека не зависат сите работи од нашиот труд. Животот не може да се забрза.

Станувањето човек не може да се забрза, тоа стануваш кога си подготвен за сите предизвици. Но, ние сме наклонети да бараме помошни средства за да ги оствариме целите без да дојдеме до нив.

Сакаме да имаме доверба без доволно да вложиме во нашиот однос, здравје, иако правиме работи за да си ослабеме, сила и моќ, иако не сме доволно посветени и дисциплинирани на работите кои ги зголемуваат овие работи.

Па затоа, сите промени кои треба да се случат, прво треба да се случат во нашиот ум, за да сфатиме дека иако можеме да се излажеме себеси, не може да го излажеме животот.

Со животот владеат закони и начела, вредности и уверувања – и тоа е промена која бара секое делче од нашето битие да ја отфрли старата станица и да ја замени со нова.

Не можете да станете нови луѓе, доколку со сите ланци сте врзани за вашите стари и погрешни уверувања и ставови, односни се плашите од промените.

Вашите соништа ќе станат живи тогаш кога ќе престанете да ги брзате работите, кога ќе го прифатите планот на животот, сфаќајќи дека светот ве учи на лекции за кои веројатно уште не сте доволно подготвени.

~ Марио Жувела