Древен јапонски тест со три ѕвезди: Откријте ги своите животни приоритети

Сѐ што ви е потребно е лист и пенкало...

За стариот јапонски тест со три ѕвезди се верува дека ја одредува општата состојба на личноста, но и дека предвидува што може да ве очекува во иднина. Врз основа на цртеж (цртате три ѕвезди на лист хартија) се одредува што во тој момент е главен приоритет во животот на една личност. Еве што треба да направите!

Потребни ви се пенкало и хартија. Првиот чекор е да нацртате три ѕвезди со различни големини, првата нека биде најголема, другата со средна големина, а третата најмала.

Затворете ги очите и замислете ги сите работи во животот кои ве радуваат, а потоа и размислете за работите кои во моментот ве мачат и ви создаваат грижи. Отворете ги очите и случајно, без многу размислувања, на прв поглед исенчајте или обојте една ѕвезда. Ѕвездата која сте ја обоиле ја открива вашата главна амбиција која во моментот ви е животен приоритет.  

Еве го резултатот:

Ако сте ја обоиле првата, најголема ѕвезда:

Оваа ѕвезда ги симболизира вашите обврски и задачи. Асоцира на тоа дека постојат некои нерешени работи од минатото кои ви создаваат проблем и кои треба да ги решите.

Сѐ што е останато недовршено и нецелосно ве спречува да напредувате кон посакуваната иднина. Ослободете се од овој товар и пред да започнете нешто ново, прво оставете чисти и уредни задачи, па потоа препуштете и се на иднината. Дури тогаш ќе можете да го исполните она што многу го сакате со целиот свој капацитет.

Ако сте ја обоиле втората ѕвезда со средна големина:

Ова ја покажува вашата состојба на потсвесно ниво. Време е да се ослободите од сите негативни емоции кои сте ги потиснале. Во животот ве очекуваат разни промени и нови предизвици, но емотивниот товар кој го носите на душа ве обесхрабрува. Подгответе се за животни промени така што преку разговори, медитација, физички активности, престој во природа или консултации со психолог, ќе ги отфрлите сите негативни чувства.

Ако ја обоивте најмалата, третата ѕвезда:

Ова упатува на интензивирани емоции. Склони сте да избувнете во секунда, а дополнителниот стрес ништо не решава. Поради импулсивноста често се случуваат конфликти. Обидете се да ги контролирате своите емоции и пронајдете го начинот кој најмногу ќе ви одговара да ја канализирате енергијата и да ја насочите на добри работи.