Градска болница остана без парно!

Дефект на секундарната дистрибутивна топлинска мрежа е причината поради која дел од Центар остана без греење. Делот згради во близина, како и самата болницата „Св.Наум Охридски“, попозната меѓу Скопјани како Градска Болница останаа без греење. 

Во моментов екипите на БЕГ интензивно работат на санирање на дефектот со што граѓаните повторно ќе добијат парно во своите домови. Поради сериозноста на проблемот, не може да се прецизира кога ќе биде решен проблемот. Во секој случај, најверојатно Центарци ќе добијат парно во текот на денешниот ден. 

Со дефектот беа зафатени зградите на булеварот „11 Октомври“ со број: 19, 21, 23, булевар „Кочо Рацин“ броевите 8,10, 14, 18, 20 и 28; објектот во кој е сместен Сојузот на синдикати на Македонија, објектот во кој се наоѓа Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ како и објектот на самата Градска Болница.