Едукација за здрави хигиенски навики во училиштата и градинките!

Едукативни работилници, чија главна цел ќе биде подигнување на свеста кај најмладите во врска со хигиенските навики и безбедноста на храната која ја консумираат ќе спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство. Ова е наведено во програмата „Реално“ на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Континуирана едукација со која ќе бидат опфатени децата од градинките, но и од основните и средните училишта се предвидува да придонесе кон подобри хигиенски навики и намалување на заразните болести кои често пати се случуват во установите низ државата. 

Покрај на децата, едукациите ќе имаат и за цел да влијаат на родителите. Покрај хигиенските навики, во средните училишта едукацијата ќе ги подучува младите како да направат правилен избор на храна која ја консумираат со што ќе се постигне подобро ниво на генерално здравје и физичка состојба на младината.