Дурловски за Преспанскиот договор: Пред 6 години е потпишан договорот со кој на еден мирољубив и кроток народ му е направена страшна неправда

Пред точно шест години, на 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија. 

Според Игор Дурловски, познатиот оперски пејач, експратеник и еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“ овој договор го смета за неправда за макеоднскиот народ. 

- На денешен ден, пред 6 години е потпишан договорот со кој на еден мирољубив и кроток народ му е направена страшна неправда. Посакувам на новата влада истрајност, мудрост, чесност, сила и конечно враќање на достоинството, затоа што македонскиот народ тоа навистина го заслужува, порача Дурловски во објава на социјалните мрежи.