Доаѓа снег, а потоа нова голема промена на времето

Денеска поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет.

Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.Во четврток ќе биде студено со провејување на снег, а од петок се очекува разведрување.

Денеска утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од седум до 15 степени.Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во среда врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.