Какво време не очекува од понеделник?

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време, а во вторник ќе настапи промена на времето.

Ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурите во наредниот период. На планините се очекуваат повремени врнежи од снег, јави УХМР.