Девојки со оштетен слух ја изведоа евровизиската „Proud“ на Тамара Тодевска на знаковен јазик

Девојки со оштетен слух од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” Скопје направија специјална верзија на песната со која Тамара Тодевска ќе нè претставува на Евровизија 2019.

„Огромна благодарност до прекрасните девојки од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација 'Партенија Зографски' Скопје што ја создадоа оваа прекрасна верзија на 'Proud' на знаковен јазик. Горда сум на сите вас!“ – напиша Тамара во описот на видеото.

Погледнете го видеото во кое тие на знаковен јазик ја изведуваат „Proud“: