Еве ја реакцијата на Тијана Дапчевиќ кога слушна дека сестра и ни обезбеди влез во финале на Евровизија

Пејачката Тијана Дапчевиќ се огласи на својот Инстаграм профил по пласирањето во финалето на Македонија како и на нејзината сестра Тамара Тодевска.

Тамара Тодевска која е нашиот претставник на овогодинешната Евровизија која се случува во Тел Авив, Израел вчеравечер одлично ја изведе песната „Proud“ со што и обезбеди влез на земјата во финалето кое ќе се случува утре.

По влезот во финалето како први од десетте земји, се огласи и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ која пред малите екрани ја бодреше Тамара.

-Ааааааааааа! Браво, љубов! Те сакам! Напиша Тијана.