Детокс вода која ќе ја намали подуеноста во текот на летните денови

Иако детокс водата не е единственото решение за ослободување од чувството на подуеност, нутриционистите ја препорачуваат особено во текот на летото.

Процесот не детоксикација ни овозможува да го подобриме системот на варење, да го забрзаме нашиот метаболизам, а со тоа и да ги намалиме килограмите. Дополнително, тоа придонесува и кон чистење на црниот дроб, ослободување од токсините, чистење на кожата, подобрување на хидратацијата во нашето тело, подобрување на расположението, подобрување на имунолошкиот систем и намалување на ризикот од песок и камења во бубрезите.

Колку детокс вода треба да пиете во текот на денот?

Тоа зависи од бројот на килограмите, нашите дневни потреби и соодносот со останатата храна која содржи вода.

Некои детокс води содржат состојки кои нудат мноштво бенефити за нашето здравје, како што се на пример краставицата, лимонот, циметот и ѓумбирот. 

Во продолжение се три рецепти за домашна детокс вода која можете да ја конзумирате во текот на летото.

Citrus Splash

Оваа вода содржи високо количество на витамин Ц и е одлична за нашиот имунолошки систем.

Потребни состојки:

1 лимон, исечен на кришки

1 лимета, исечена на кришки

1 голем портокал, исечен на кришки

1 литар вода

Ginger Sensation

Оваа вода содржи куркума и ѓумбир кои се докажани како одлични борци против воспаленијата во нашето тело. 

Потребни состојки

1 лажица куркума во прав

1 лажица ѓумбир во прав или сецкан ѓумбир во нормална големина

1 голем портокал, исечен на кришки

1 литар вода

Cucumber Lemon

Ова е уште еден пијалок кој помага за освежување, ги зголемува нивоата на витамин Ц, но и на железо во нашето тело

Потребни состојки:

Неколку ливчиња спанаќ

1 лимон исечен на парчиња

половина краставица исечена на парчиња

неколку ливчиња целер

1 литар вода