Детали: Две лица повредени во сообраќајката кај Момин Поток

Две лица се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа која се случи кај Момин Поток, потврдуваат од МВР за Курир. Едното лице било пренесено во ГОБ „8 Септември“, а второто во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Засега други детали не се познати, а повеќе информации се очекуваат по завршување на полицискиот увид кој е во тек.

Според првичните информации од МВР, во несреќата која се случила на крстосница со улиците „Скупи“ и „Јадранска магистрала“, учествувале две возила.