Денес се одбележува светскиот ден на луѓето со Даунов синдром

Денес се одбележува меѓународниот ден за подигање на свеста за Даунов синдром кој Обединетите нации официјално го одбележуваат од 2012 година.

Се паѓа на 21-виот ден од третиот месец во годината за „да укаже на уникатноста на трипликацијата (трисомија) на 21-от хромозом што предизвикува Даунов синдром“, објаснуваат организаторите.

Да се родиш со Даунов синдром значи дека таа личност има дополнителен хромозом. Оваа генетска состојба обично влијае на способностите за учење и физичките карактеристики на една личност.

Тоа не е болест, заболување или состојба со која некој може да се зарази. Даунов синдром се јавува природно и нема позната причина. Луѓето родени со него обично добиваат дополнителен хромозом случајно, поради промена на спермата или јајце клетката пред раѓањето. Тој е присутен во сите делови на планетата и како резултат на тоа често има променливи ефекти врз стиловите на учење, физичките карактеристики и здравјето, според ОН. Според организаторите на Светскиот ден на Даунов синдром, едно на секои 800 бебиња ќе ја има оваа состојба.

Физичките знаци, според Американски центри за контрола и превенција на болести, вклучуваат: Сплоснато лице, особено коренот на носот; Очи во облик на бадем искосени нагоре; Краток врат; Една линија на дланката; Пониска висина кај деца и возрасни.

За жал овој синдром не може да се лекува Помош може да се укаже врз основа на физичките и интелектуалните потреби, силата и ограничувањата на секој човек.

Соодветниот пристап до здравствената заштита, програмите за рана интервенција и инклузивното образование, како и соодетното истражување, се клучни за растот и развојот на поединецот, велат од ОН. Квалитетот на животот на луѓето со Даунов синдром може да се подобри со задоволување на нивните здравствени потреби, додаваат тие.

Ова може да вклучува редовни контроли со медицински професионалци за следење на менталното и физичкото здравје и обезбедување навремени интервенции како што се физиотерапија, работна терапија, логопед, советување или специјална едукација, објаснуваат експертите.

Ова го подобрува нивното учество во општеството и исполнувањето на нивниот личен потенцијал. Многумина од нив успеваат да живеат добро, одат во редовни училишта и работат, а некои од нив се мажат и живеат самостојно.