Наградата која му беше дадена зошто го извади крстот на Водици, во Крива Паланка ја донираше на лице со Даунов синдром

Наум Поцев од Крива Паланка, е момчето кое го донираше телевизорот што му беше даден како наградата од општина Крива Паланка зошто го извади светиот крст од водите на Крива река на Водици.

Заедно со градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашо Митовски, го посетија семејството Младеновски, Игор, лице со даунов синдром и неговата самохрана мајка, Рушка.

-Посакувам здравје и радост за сите, а најголема радост ми претставува тоа што можам да израдувам некој друг, во случајов, Игор и навистина  од срце го донирав телевизорот, рече Поцев.

И градоначалникот на Крива Паланка, Митовски рече дека хуманоста е тоа што нè одликува како луѓе.

-Секогаш треба да владеат грижата за заедницата и да се реализираат хумани дела, порача Митовски.