Ни трага ни глас од Димитар Ковачевски цела недела, молк и од СДСМ

Една недела под двојните избори во земјава на кои убедливо победи ВМРО ДПМНЕ, ни трага, ни глас од лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Молк и од од партијата. 

Иако многумина, партиски членови, активисти, политички експерти и граѓани побараа и очекуваат оставка од претседателот на партијата поради дебакалот на изборите, нема никаков официјален став, ниту порака од Ковачевски.

На прес-конференцијата, вечерта по изборниот процес на 8.мај, тој го призна поразот и најави дека ќе има ќе има голема реформа во партијата, но засега е молк. 

Во меѓувреме потпретседателите на СДСМ Сања Лукаревска, Фатмир Битиќи, Перо Костадинов и Јованка Тренчевска, ден по изборите поднесоа оставки од своите функции во партијата. 

Ковачевски, на својот официјален фејсбук профил нема ниту една објава цела недела.

Слично е и на веб-страницата на СДСМ, каде за цела недела се појави само еден напис, колумна на Стефан Богоев.