Отстранети 150 кубни метри отпад од диви депонии во шест скопски општини

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа приближно 150 кубни метри неправилно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Аеродром, Центар и Бутел.

„Во рамките на активностите е комплетно расчистен реонот околу градските гробишта во Бутел, каде што се отстранети речиси 60 кубни метри отпад од диви депонии. Интервенирано е и околу мостот Беласица во близина на Железничката станица каде што се подигнати и транспортирани 40 кубни метри отпад од јавна површина, улиците Владимир Комаров во општината Аеродром, Васил Чакаларов во општината Карпош, Ферид Мурад во општината Чаир и Борис Сарафов во скопската општина Ѓорче Петров, како и долж булеварот Илинденски одреди“, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.