Чоколаден колач со здрави состојки

Пенест десерт кој ќе го обожавате. Запомнете го овој рецепт, бидејќи ќе сакате да го правите одново и одново:

Состојки:

4 јајца
120 грама кајмак намаз
200 грама чоколадо од најмалку 75% какао
20 грама стевија
20 грама какао во прав
екстракт од ванила
путер од лешник

Подготовка: 

Стопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка. Одделете ги жолчките од белките. Цврсто изматете ги белките и додајте ја стевијата.

Изматете ги жолчките, додајте ги изладеното чоколадо и намазот. Соединете ја смесата со белките. Ставете малку екстракт од ванила и какао. Додајте путер од лешници.

Турете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и печете 30 минути на температура од 180 °С.