Авионот ми стана втор дом, а низ облаците го гледав светот - професијата стјуардеса атрактивна за младите Македонки

Теодора од Скопје е само една од многуте Македонки која работи како стјуардеса. Кога замина, пред повеќе години беше само една од ретките, а сега е една од многуте Македонки кои се пробуваат во оваа професија. 

-Чудно ми беше и на мене самата, кога ќе се сетам. Не знаев, не ми беше сфатливо авинот да ми стане втор дом, а низ облаците да можам да го гледам светот. Но како одеше времето, така се навикнував и се стекнував со ново искуство. За само две години го обиколив светот, а тоа искуство и много ми го промени животот, раскажува Теодора.

Таа со оваа професија, планира да се занимава уште само неколку години, а потоа да се збогува со небото и да и се врати на земјата, но не знае дали баш таа земја ќе биде Македонија. 

Теодора ги охрабрува сите девојки кои ја сакаат оваа професија да си ја пробаат среќата.