5 ветувања за личноста која ќе ја сакам засекогаш

Кога растев, мојата баба ми велеше дека кога вистинската личност ќе дојде во мојот живот, едноставно ќе го знам тоа. Иако воопшто не верував во тоа во тоа време, денес знам дека ти си мојата личност и единствената личност која го заслужува зборот „засекогаш“.

Ова се моите ветувања за тебе.

Секогаш ќе те одбирам тебе

Кој и да се појави во мојот живот, чувствата ќе останат исти, и толку силни. Секогаш ќе те одбирам тебе, секогаш ќе посакувам ти да си личноста која е до мене.

Ќе те сакам со цела своја енергија

Ништо не правам половично, а така е и со љубовта која ја имам за тебе. Ќе те сакам со сета своја енергија, сето свое битие. Засекогаш.

Никогаш нема да заминам

Животот е патување кое не носи на многу разлучни места, но едно нешто е сигурно: јас секогаш ќе бидам до тебе.

Ќе бидам твојата најголема поддршка

Ќе те поддржувам во сите нешта кои ги правиш. Секогаш ќе навивам за тебе и ќе бидам на твојата страна, и покрај сите луди идеи кои можеби ќе ги имаш.

Никогаш нема да одам на спиење со лутина

Што и да се случи, колку и силни да се нашите кавги, никогаш нема да отидам на спиење без да позборуваме и решиме  се.