Секогаш ќе постои личност која никако нема да можеш да ја заборавиш

Секогаш ќе постои таа една личност. Единствената личност која ќе остане во твоето срце, сè до твојот последен ден.

Тоа е личност која секогаш ќе има парче од твоето срце. Тоа е човек кој те променил и влијаел на начин на кој не си ни можела да претпоставиш. И без оглед на тоа колку се трудел или бил покрај тебе, дури и помислата на него ќе прави да изгубиш воздух. Нема да можеш да се ослободиш од тој дух и неговата сенка. Секогаш ќе ти доаѓа во најубавите соништа и во кошмарите.

Но, зарем тоа не е прекрасна работа? 

Да знаеш дека тој те сакал. Дека си бил ценета и обожавана од човек кој те правел среќна. Кој те изградил и обликувал. Кој ти покажал колку си прекрасна, достојна за верна и прекрасна љубов. И иако таа личност не е покрај тебе, дури и ако вашата љубов кратко траела, таа и натаму ќе остане во твоите коски и клетки. Таа љубов секогаш ќе биде силно жива во тебе. Затоа што иако овој човек е сега далеку, ти покажал колку си магична. Ти покажал колку си убава и способна. Неговата љубов те научила дека заслужуваш да бидеш среќна. Неговата љубов те научила како да сакаш и да бидеш сакана. И дека го заслужуваш тоа. 

Немој да гледаш на неговото заминување како да е трагедија. Гледај на тоа како еден нов почеток. Како отворен пат кон нова љубов и нова магија. Не дозволувај да остане горчина во тебе. Не дозволувај неговото заминување да ти ја уништи вербата во љубовта. Ти имаше љубов, макар и за миг. Имаше голема љубов и целосна промена во животот, каква што многу луѓе немале привилегија да доживеат. Не се криј од сопствениот живот. Не ги исклучувај луѓето кои ги сакаш. Животот и натаму е убав ако сакаш да биде. И не се осмелувај да кажеш дека никогаш повторно нема да сакаш. 

Повторно ќе сакаш. 

Чувај ги сеќавањата во твојот ум. Твојата душа нека се сети на љубовта и дозволи ѝ на душата да ја прими таа љубов. Тоа не значи дека ќе го заборавиш. Тоа не ја прави таа љубов помала отколку што била. Тоа не те прави неспособна за да продолжиш понатаму. Само мора да се збогуваш со овој човек за повторно да доживееш љубов, за повторно да се заљубиш во својот живот и да му дозволиш на твоето срце повторно да се отвори некому. Мораш да ѝ дозволиш на оваа личност да си замине, за повторно да го живееш својот живот. 

Не, никогаш нема да го заборавиш. Никогаш нема да заборавиш како се чувствувало твоето срце. Но, ќе доживееш нова љубов. И еден ден, никогаш нема да ја напуштиш таа љубов која ќе ја најдеш. Но, ќе сфатиш и зошто.