Зошто врската со жена со чисто и отворено срце е најголем предизвик?

Многу мажи тврдат дека искреноста е она што највеќе го сакаат во врската и ги обвинуваат жените дека манипулираат и лажат. Секако, се случува и обратната ситуација. Но, кога навистина ќе сретнат искрена жена, бргу сфаќаат дека искреноста воопшто не е она што го замислувале и дека истата најчесто е непријатна.

Искрените жени имаат незгодна навика да бидат постојано и целосно искрени.

Зошто врската со нив е најголем предизвик?

Таа не се мисли и двоуми да ви ја каже вистината

Можеби ќе размисли за начинот како да ви ја соопшти вистината, но секогаш ја кажува, затоа што тоа е она што најдобро и оди во животот. Таа вистина можеби ќе биде смешна, болна, незгодна, крајно неповолна за неа или крајно предизвикувачка за вас, но таа сепак ќе ви ја каже – онаква каква што е. Ако не сте навикнати на отвореност и непосредност, тоа можеби ќе ве збуни, а најверојатно и ќе ве навреди, но тоа е ваш проблем, а таа и ќе ви го каже тоа.

Таа поставува незгодни прашања

Можеби нејзините прашања се предлабоки или прелични, бараат да размислувате за чувствителните работи кои претпочитате да ги поттиснете или отвораат болни теми кои сакате да ги заобиколите. Со незгодните прашања и тешките одговори таа е потполно на свој терен, а вие се наоѓате на лизгав терен.

Таа ги руши вашите ѕидови

Искрената жена знае дека сигурно имате одбранбени механизми и емотивни ѕидови кои треба да ги срушите и таа тоа го прави. Таа ги надминува вашите граници и прецизно ги наоѓа слабите точки во вашиот одбранбен механизам. Со неа постојано сте малку надвор од вашата комфорна зона и малку се плашите што е следно на агендата, но во едно можете да бидете сигурни: какво и да е прашањето, секогаш ќе добиете чесен одговор.

Таа отворено зборува за своите чувства

Нејзиниот отворен настап за вас можеби е преагресивен, па кога ќе се поставите одбранбено во однос на нејзините барања од типот на тоа што бара од врската и што и пречи, ќе се најдете потполно збунети и разоружани пред нејзината ранливост, која воопшто не ја крие.

Таа не игра емотивни игри

Верува во вистинска љубов и не ја интересира ништо помалку од тоа. Ако сте навикнати на емотивни игри, скриени значења и потреба да ги дешифрирате туѓите зборови, тогаш нејзиното однесување ќе ве изненади. Кај неа сѐ е отворено и подобро е да ѝ верувате кога ќе ви каже дека одредена работа е таква каквашто е, отколку залудно да се обидувате да читате меѓу редови и да се прашувате што сакала да каже со тоа.

Можеби вам ви е незгодно што некој така ги соголува своите желби и очекувања, можеби мислите дека жената треба да биде таинствена и дека треба да ви овозможи да ја разоткривате и дека љубовта треба да биде романтична и опојна, но тогаш ќе се изнамачите со искрената жена.

Таа е романтична и нежна, но истовремено и практична и не трпи глупости. И многу подобро од вас знае што е љубов. Обидете се да научите нешто од неа.

Таа нема да ви ја засладува вистината за полесно да ја проголтате

И еве ја нејзината најголема, а можеби и најнеподнослива маана – таа воопшто нема намера да се занимава со негување и одржување на вашето его. Таму каде што некоја друга жена би ве тешела и наведувала, таму каде што би ви ја замаглувала вистината на сите можни начини, за преку заобиколување (околу вашето его, без да го загрози) да стигне со својата цел (која вие не ја гледате), искрената жена ќе ве погоди со вистината, како да ви удрила шамар.

Таа може да ја засладува вистината, но ако тргне по тој пат, ќе работи против себе и вас и ќе ве презира вас поради тоа. Со тоа што можеби ќе ви зададе удар во пределот на гордоста, таа ви оддава почит и доверба – тоа не е безобразност и жеба да ве повреди, туку свест за тоа дека сте способни и должни да чувствувате и резонирате.

И за да го направи тоа на правилен начин, таа мора да располага со точни информации. Таа ви го дава најдоброто од себе – својата искреност и отвореност, а вие можете да се навредувате од тоа колку сакате, особено ако не сте доволно зрели.