Зошто се уште се немам откажано од љубовта?

Јас се сметам себеси за реалист, но искрено, јас длабоко во моето срце сум прикриен романтичар. Читам љубовни романи побргу отколку што зависникот од чоколадо ги наоѓа своите залихи.

Гледам романтични комедии како што изгладнетата жена го јаде својот оброк и тоа секако го правам додека сум сама, за да можам или да плачам неутешно или да се радувам бескрајно на некој срцекршачки тажен крај или пак на сладок, среќен крај.

Во свет во кој на постоењето на „вистинската љубов“ се гледа со голема скептичност, јас ставам маска која вели дека воопшто не ми е грижа дали постои љубов или не, но под неа искрено се држам до надежта дека постои.

Секогаш сум се прашувала како би изгледало да се заљубам. И не мислам на онаа наводна, слатка љубов која ја гледаме кај денешните парови, односно љубов која горела на почеток, но полека спласнала со текот на времето.

Тоа е оној тип на љубов во која партнерите се навикнати еден на друг и се толку зависни еден од друг, што дури и покрај недостатокот од љубов, сепак одлучуваат да бидат заедно, затоа што зошто би раскинувале врска во која нема очигледен проблем?

Иако ова можеби ќе звучи како клише, но јас сакам љубов која ми го одзема здивот. Љубов која може да ми го преврти стомакот од пеперутки. Љубов која ќе остави толку силен печат, што ќе остане засекогаш во мојата душа. Љубов која ќе направи да гледам во таа личност и да си кажам: „Како успеав да бидам волку среќна?“. Сакам љубов која ќе ме натера да станам  подобра, не само за мене, туку и за него.

Љубов која ќе прави да ми се виткаат прстите на нозете од желба за него, но и да ми го забрза срцебиењето секој пат кога ќе помислам на него. Сакам љубов која ќе направи да се чувствувам живо и да бидам благодарна што сум жива. Сакам љубов во која  ќе можам да сакам некого. Слободно.

Иако се трудам, се уште ја немам пронајдено љубовта којашто ја барам. Не е заради недостаток на труд. Поверојатно е заради реалноста која постојано ми мава заушки и ми ги уништува моите розеви соништа.

Јас ја барам љубовта, но на крајот добивам само непристојни слики, емоционално недостапни луѓе, сомнежи во мојата вредност, непристојни предлози за една ноќ, ужасни први состаноци и напумпани надежи кои стравувам дека еден ден ќе пукнат.

Тие можеби и ќе пукнат уште пред да го запознаам дечкото од моите соништа и ќе станам толку огорчена што нема ни да можам да му дадам шанса  да ми докаже дека љубовта постои.

Сепак, гледајќи дека се уште сосема не сум се претворила во циник, се уште ги негувам овие надежи. Затоа што комплетно сум уверена дека тој постои некаде и дека судбината наскоро ќе направи да ни се вкрстат патиштата.

Каде и да си, се надевам дека ќе те сретнам. Се надевам дека додека да стигнеш нема да бидам будала и да пропуштам да те видам. Се надевам дека ќе пристигнеш во мојот живот пред целосно да пукнат моите надежи и да се зафркнам засекогаш, непрепознавајќи дека ти си најдобриот благослов во мојот живот.

Се надевам дека ќе влезеш во мојот живот како ураган од епски пропорции и ќе го поместиш тлото под моите нозе. Се надевам дека ќе направиш да се почувствувам живо, како никогаш досега во мојот живот.

И што е најважно, се надевам дека можам да те љубам со истиот интензитет со кој посакувам да ме љубиш и се надевам дека ќе бидам личноста која заслужува да биде онаа која те сака, без разлика на начинот на којшто го правам тоа: бавно и истоштено или пак силно и брзо. Тоа не ми е важно се додека знаеш дека е љубов и дека мојата љубов секогаш ќе ти припаѓа на тебе, се додека не го земам и последниот здив.