Љубовта е една од најубавите емоции.
Photo by Jamie Street on Unsplash
Некои од нас ќе се заљубат, а потоа влегуваат во рутината и забораваат дека љубовта е како цвеќе што треба да се полева.
„За успешен брак треба да се заљубите повеќе од еднаш, секогаш во иста личност“, мудро рекла Мињон Меклафлин, американска новинарка и писателка.
Ова се пет златни правила за вечна љубов.
Photo by Pawel Czerwinski on Unsplash
Никогаш не викајте еден на друг - освен ако не дојде до пожар во куќата.
Дајте му ја на вашиот партнер честа од време на време да „победи“ во расправијата.
Не ги оживувајте вчерашните грешки во текот на утрешниот ден.
Не одете на спиење пред да го решите проблемот.
Кажете ѝ нешто убаво на љубовта на вашиот живот барем еднаш дневно.