Зошто не треба да се чувствувате виновни затоа што сте си заминале од несреќна врска?

Можеби навистина ни е тешко да си отидеме од нешто коешто не не’ прави среќни затоа што се плашиме дека ќе бидеме осамени. Кога човек премногу време поминува сам, тој со тек на време престанува да чувствува и станува рамнодушен кон се.

Вратете се на времето кога сте седеле сами во соба, дремејќи на интернет, гледајќи серии. Какви чувства сте имале тогаш? Кршењето на срцето и емоционалната болка се лоши, но барем знаеме дека се уште имаме чувства за другите и дека не сме апсобирани од сопствената осаменост.

Каде е линијата помеѓу себичност и само-почит? Што навистина значи да се биде себичен? Повеќето луѓе не сакаат да прекинат врска или пријателство, затоа што не сакаат да излезат себични и да повредат други, дури и кога се повредуваат себеси. Затоа што во тие случаи постои и друга личност која е погодена од таа одлуката. Голем дел од луѓето не можат да бидат тие кои ќе прекинат и ќе се фокусираат на самите себе, затоа што повеќе сакаат самите тие да бидат повредени, отколку да видат некој друг како страда.

Дали ова значи дека тие луѓе немаат само-почит или само имаат големо срце и се несебични? Една од најтешките работи е да оставите некого. Но, на крајот од денот, никој човек не се ветен, ниту гарантиран дека вечно ќе остане во вашиот живот?

Колку пати сте изгубиле човек кого сте сакале? Веројатно повеќе пати ви се случило тоа. Ако не ви се случило, вие сте среќни. Но, за жал, тоа најверојатно некогаш ќе ви се случи.

Кога ќе им допуштите на чувствата и срцето да го водат вашиот разум и расудувања, ќе завршите со луѓе и работи кои нема секогаш да ве прават среќни. Со тоа, нема начин како да растете и да бидете среќни.

Имањето доволно само-почит да си одиш од врска не те прави себична личност. Те прави силен поединец кој знае што заслужува. Човековото срце најчесто го надвладува разумот.

Не сакаме да бидеме себични или да предизвикуваме болка кај некоја личност, но кога вашата сопствена среќа е во прашање, мора да си заминете. Животот е патување и понекогаш мора да одиш во спротивната насока за да стигнеш на местото каде што треба да стасаш.