Жените припаднички на овие хороскопски знаци се идеални сопруги

Дознајте на кои хороскопски знаци мажите никако не можат да одолеат…

Рак

Жената родена во знакот Рак не знае да сака половично. Нејзините чувства кон партнерот се секогаш интензивни. Таа е подготвена да стори сѐ за мажот кој го сака и нејзината љубов е безусловна. Најважна ѝ е секогаш среќата на партнерот. Понекогаш знае да драматизира за ситници, но тоа не е ништо во споредба со љубовта што може да ја даде. Таа сака да создаде топол дом за нејзиното семејство. Освен тоа, жената Рак е голем љубител на храната, одлично готви, особено кога готви за други. Таа ќе биде посветена мајка на која единствен приоритет ќе ѝ бидат децата. Од партнерот очекува само љубов и искреност.

Овен

Мажите просто паѓаат на колена пред темпераментната, храбра и бестрашна жена родена во знакот Овен. Таа е многу силна и токму поради тоа е одлична животна партнерка. Најпривлечна им е на мажите кои обожаваат силни и храбри жени. Таа е секогаш подготвена да направи компромис, дава многу, но и очекува многу од партнерот кој покрај неа ќе стане поодговорен и благодарение на нејзината поддршка ќе добие мотивација да оствари сѐ што ќе замисли. Таа со двете нозе стои цврсто на земјата, реална е во љубовта и многу е тешка за освојување. Мажот кој ќе успее во тоа може да биде сигурен дека таа е навистина заљубена во него. Како мајка е прилично строга и децата ги претвора во победници и лидери со помош на нејзините воспитни методи. Од партнерот очекува да покаже силен карактер и одлучност.

Лав

Гордата и страсна Лавица бара партнер кој ќе може да се рамни со неа, особено кога станува збор за доминантноста. Таа не „паѓа“ на секакви мажи и не треба да се труди за да заведе некого. Нејзиниот вроден шарм ги привлекува сите. Можеби понекогаш во голема мера е фокусирана само на себе, но таа е посветена партнерка која знае да љуби несебично. Подготвена е да се бори за себе и за партнерот како вистинска лавица, а подеднакво заштитнички настроена ќе биде и кон нејзините деца.