Застреланиот чаирчанец во Приштина бил осомничен и за убиството во Старата скопска чаршија

Македонскиот државјанин Блерим Даци синоќа беше убиен во Приштина, објавија косовските медиуми, а според сознанија на „Телма“ станува збор за лице осомничено дека учествувало во нападот со двојното убиство во „Шиша Бар“ во Старата скопска чарија.

Од скопскиот Кривичен суд за „Телма“ одговориле дека Блерим Даци уште во ноември минатата година добил мерка притвор за нелегално поседување на оружје, но никогаш не бил приведен, по што по него била распишана и меѓународна потерница.

Двојното убиство во „Шиша Бар“ се случи пред три месеци, а засега нема потврда дали двата настани, убиството во Приштина и пукањето во Старата скопска чаршија се поврзани.