Пукање во Приштина: Изрешетан чаирчанецот Блерим Дачи (Видео)

Чаирчанецот Блерим Дачи синоќа бил ликвидиран во Приштина, откако во неговото возило било пукано со калашников, објави косовска „Газета“.

Возилото од кое било пукано е пронајдено запалено на патот кон Грачаница, а во него имало два калашникови.

Косовските медиуми пишуваат дека Дачи на полицијата во Косово ѝ бил познат по трговија со дрга, но и обвинет за нелегално држење на оружје.