За љубов е потребен труд, не може да си заминеш кога е тешко...

Кога сакате некого, ги сакате тие луѓе целосно. Ги сакате и во добро и во лошо. Не ги сакате само кога работите се супер и кога животот е убав. Кога навистина сакате некого, тогаш ќе останете покрај нив, без оглед на сѐ. Дури и кога не е лесно, дури и кога посакувате да избегате и да се скриете.

Да, љубовта е убава и не треба да ви го отежнува животот, но мора да знаете дека љубовта не е некаква бајка на Дизни и никогаш нема да биде совршена, затоа што понекогаш се случуваат секакви глупости. А кога ќе се случи нешто, тогаш вашата љубов за другата личност се става на испит, затоа што љубовта е патување, а не дестинација. И потребен е труд. На љубовта мора да се работи и за љубовта мора да се борите. Потребен е труд, енергија и многу жртви. И најважно од сѐ, ја бара истата енергична посветеност и во моментите кога е добро и во моментите кога е лошо.

Не можете туку-така да си заминете од врска во која има љубов. Не можете да оставите друг човек и да исчезнете само затоа што работите станале малку тешки. Не можете да го завртите грбот и само да си заминете. Не можете да оставите некој во моментите кога им е потребна поддршка. Ниту пак некој смее тоа ви го направи на вас. Тоа не е нешто што треба да го направите на човек кој велите дека го сакате.

Затоа што кога сакате некого, заедно со нив одите низ животот, рамо до рамо. Им покажувате дека можат да сметаат на вас и дека секогаш ќе бидете покрај нив. Кога сакате некого, ги сакате онакви какви што се, со маани, со доблести, со сѐ, а не само работите кои се добри и светкави. Ги прифаќате нивните проблеми како свои и едноставно почнувате да функционирате како тим. Кога навистина се грижите за некого, свесни сте дека работите нема секогаш да бидат лесни и знаете дека секоја врска проаѓа низ лоши периоди. И кога ќе се случи тој лош период, наместо да се повлечете, баш тогаш најмногу ќе се борите за да ја оддржите љубовта во живот. Тогаш ќе ја вложите целата своја енергија за да ја надминете кризата. И тогаш ќе им покажете на вашите партнери дека верувате во вашата врска.

Кога сакате некого, нема да исчезнете кога најмногу сте потребни. Нема да се извадите од памет и ќе им покажете дека вие двајца ќе ја надминете секоја животна пречка, сѐ додека се држите заедно.

Знаете што, лесно е да останете во нечиј живот кога сѐ оди како што треба. Но, вистинската љубов и големината на луѓето се гледа во нивната издржливост и подготвеност да бидат нечија поддршка и рамо за потпирање.

Ако тоа не го направите, значи дека никогаш не сте ги сакале вашите партнери доволно, затоа што човек не го врти својот грб на оние кои навистина ги сака.