Во овој „опасен период” жените најмногу изневеруваат

Постои еден „опасен“ период во месецот во кој жените се склони кон неверство...

Хормоните повеќе влијаат врз жените отколку врз мажите. Во зависност од периодот на циклусот, жените се чувствуваат попривлечно или помалку привлечно, самите сметаат дека се убави или помалку убави, среќни се или тажни (понекогаш и едното и другото), повеќе се склони кон трошење, но и кон изневерување.

Ако може да му се верува на новото истражување... жените за време на ПМС се „гладни како волчици и мудри како лисици“.

За време на овулацијата, жените се чувствуваат многу посакувано, убави си се самите на себе, но и имаат потреба да се „покажат“, односно да докажат дека се поубави и подобри од „конкуренцијата“.

Затоа, во таа фаза од циклусот полесно одлучуваат да потрошат поголема сума на пари на скапа чанта, чевли или облека. Таа потреба за истакнување потекнува од еволуцијата и жените тоа го прават сосема несвесно. Но, уште една последица од дејството на хормоните во таа фаза од циклусот е и тоа што тогаш тие се два пати посклони кон афери и прељуби, пишува порталот „Мондо“.

Во вториот дел од циклусот, кога ќе помине овулацијата, тие им се повеќе посветени на своите емотивни партнери. Во таа фаза расте и нивото на прогестерон, па жените се малку забавени, збунети, потешко пронаоѓаат зборови и им се намалува „острината“.

За оваа фаза од циклусот, карактеристични се промените во расположението. Но, и тогаш шопингот помага, бидејќи понекогаш тој е добар „издувен вентил“ за интензивните емоции.