Во четврток крводарителска акција во скопското старо Матично

Во организација на Општина Центар претстојниот четврток (22 февруари) ќе се одржи крводарителска акција во Младинскиот центар „Матично“, кој се наоѓа на локацијата на поранешната служба за матични работи во Дебар Маало.

Сите заинтересирани крводарители својата хуманост ќе можат да ја покажат од 11 до 18 часот.

- Твојата крв спасува живот. Придружи се на крводарителската акција и покажи ја својата хуманост, солидарност, поддршка на дело. Помогни им на оние на кои капката крв им е неопходна, порача градоначалникот на Опшптина Центар, Горан Герасимовски.