Вкусни енергетски бомбици кои внимаваат на вашата линија

Секој од нас има потреба од благо, но веќе знаеме дека не само што нѐ здебелуваат, туку белите шеќери се и многу нездрав дел од нашата исхрана.

Затоа, ви предлагаме вкусни енергетски бомбици кои имаат малку калории, а во голема мера ќе го зголемат вашето ниво на енергија.

Потребни состојки:

10 лажици крупно мелени бадеми, лешници, ореви и индиски ореви

10 -12 урми,  без семки

Какао прав

Измешајте ја смесата и ставете ја да отстои 30 мин во фрижидер, а потоа обликувајте ги бомбиците.

По желба во смесата можете да додадете и чиа, ленено семе и кокос.

Многу истражувања покажуваат дека јадењето јаткасти плодови го поттикнува серотонинот – супстанца која го намалува чувството на глад и нѐ прави посреќни.  Урмите пак се одличен извор на природни влакна и содржат големо количество на природни шеќери, што значи дека нема да ги зголемат нивоата на шеќер во крвта. Какаото е богато со железо и други витамини и минерали со кои се подобрува нашето здравје.