Нешто многу вкусно и со неодолива арома.

СОСТОЈКИ:

250 гр гриз

250 гр мелени ореви

250 гр шеќер

500 мл бело вино

1 лажица брашно

4 лажици масло

1 лажичка сода бикарбона

СОСТОЈКИ ЗА ГЛАЗУРА:

100 гр чоколадо

малку маргарин или путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Се мешаат оревите со гризот, шеќерот, виното и брашното, па се додаваат во садот маслото и содата. Убаво соединете.

Смесата нека отстои 30 минути, па ставете ја во подмачкан плех. Печете ја во загреана рерна на 200 степени помеѓу 30 и 45 минути.

Се прелива колачот со глазурата која е направена со топење на чоколадото и маргаринот/путерот.