Сите знаеме колку е важен квалитетот на сонот и колку уште малку сон ни недостасува кога се будиме наутро. Често се прашуваме зошто се будиме многу поспани, уморни или нерасположение, но изгледа дека страната на креветот на која спиеме има големо влијание на тоа.

Едно истражување кое неодамна беше спроведено во Велика Британија потврдува дека постои лоша страна од креветот. Имено, десната страна влијае негативно на квалитетот на вашето спиење, но и на тоа што сонувате во текот на ноќта.

Во истражувањето учествувале околу 100 испитаници, а тоа посочува дека луѓето кои спијат на десната страна на креветот стануваат од спиење понерасположени  и поуморни од оние кои спијат на левата страна.

Според резултатите, луѓето кои спијат на десната страна се попоспани наутро и почесто доцнат на работа.