Мажите и жените имаат различни потреби за внес на витамин Ц, како и пушачите наспроти непушачите.
Возрасна жена треба да консумира 75 mg витамин Ц секој ден, а возрасен маж треба да консумира 90 mg од истиот витамин.
Пушачaте треба да ја зголемат оваа доза за најмалку 50 отсто бидејќи е докажано дека имаат пониско ниво на витамин Ц во телото.
Овој витамин ја поттикнува активноста на белите крвни зрнца и на тој начин го поддржува имунолошкиот систем на организмот, клучен е за кожата, крвните садови, ‘рскавицата, тетивите бидејќи учествува во производството на колаген, но е и моќен антиоксиданс.
Во сезоната на настинки и грип се препорачува земање поголеми дози, од 500 до 1000 mg дневно.
Следниве симптоми се всушност првите два знака дека имате недостаток на витамин Ц:
Дали сте уморни?
Сериозен недостаток на витамин Ц, кој може да биде фатален, денес е редок, но, со оглед на широко распространетите лоши навики во исхраната и на неговата екстремна чувствителност на топлина, светлина, воздух и вода, очигледно е дека многу луѓе го внесуваат премалку во нивниот организам.
Приватни симптоми на недостаток на витамин Ц веќе може да се појават доколку имаме недоволна количина од овој витамин во период од три месеци. Најраниот знак веројатно е замор.
Крварење на непцата
Друг ран знак за недостаток на витамин Ц се црвените и отечени непца, како и крварење на непцата.
Други симптоми кои обично следат се лесно модреење, бавно зараснување на раните, болки во зглобовите и груба кожа.
Која храна е најбогата со витамин Ц?
Витаминот Ц го има во цитрусните овошја и нивните сокови, пиперките, брокулата, кељот, киселата зелка, зелената салата, јагодите, дињата, доматите и друга сродна храна.