Ако тешко засипивате, или често се будите во текот на ноќта, знајте дека не сте единствени, но и дека решението постои и всушност е многу евтино.

Маската за очи може да го подобри квалитетот на сон, како и да ја продолжи РЕМ фазата од спиењето, велат научниците по истражувањето кое го спроведете американскиот Институт за здравје.

Оваа маска, која може да биде од памук, свила, сатен… на нашиот мозок му дава сигнал дека сме во темница, и дека ни треба хормон потребен за релаксација и сон – мелатонин.

Најважно во врска со маската е тоа што не може да нашетите, нема никакви негативни ефекти, освен доколку не ве затега премногу и е од некој непријатен материјал кој ви пречи, а особено им се препорачува на лицата кои работат ноќе или на оние кои ја промениле временската зона.