Украдено „ауди“ на Министерството за здравство

Вчера во 12.00 часот  било украдено возило на Министерството за здравство.

- Во Полициската станица Чаир било пријавено дека во периодот од 03.02.2023 до 13.02.2023 на ул.„Бутелска“ било одземено неисправно паркирано патничко возило „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Министерството за здравство, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.