Скопјанка пронајдена почината во својот дом во Гази Баба

70-годишна скопјанка била пронајдена почината во својот дом во Гази Баба. 

- На 19.05.2024 во 11.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Гази Баба во Скопје била пронајдена почината А.Н.(70) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопштија од МВР.