Турист од Англија паднал близу хотелот „Десарет“ во Охрид

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека после пладне, на Единствен повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК, било пријавено од Итна медицинска помош од Охрид дека во близина на хотел „Десарет“ во Охрид, лице (странски државјанин) паднало во непристапен терен и од паѓањето се здобило со телесни повреди, по што била повикана итнатата медицинска помош.

Заради непристапнапноста на теренот медицнската екипа не можела да интервенира, па од ЦУК беа известени пожарникарите од ТППЕ Охрид, полицајците од СВР Охрид и Планинарска спасителна служба Патагонија од Охрид.

Екипата од ТППЕ Охрид со 1 ПП возло и 3 пожарникари интервенирале, при што лицето било извлечено од местото на настанот, па е префрлено во полициски глисер и преку езеро било пренесено до возилото на Итна медицинска помош, а потоа во болница во Охрид на понатамошен третман.

Од СВР Охрид потврдија дека лицето е спасено.

„Денеска (27.06.2024) во 12.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека,  од карпа, во водите на  Охридското езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, паднало едно лице, кое се здобило со повреди. На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. По преземените мерки, лицето е извадено и констатирано е дека се работи за С.М.А.(45) од Англија. Лекар од Итната медицинска помош,  кај него констатирал телесни повреди, по што, со пловен објект на Полициската станица за граничен надзор е транспортиран до  Езерската полиција. Оттука, повредениот, со медицинско возило е пренесен до болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, изјавија ос СВР Охрид.